Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНуланд денеска во посета на Тирана и Приштина, утре во Скопје

Нуланд денеска во посета на Тирана и Приштина, утре во Скопје

Помошник државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Викторија Нуланд, утре ќе ја посети Р.Македонија.

Нуланд ќе разговара со високи владини претставници за билатерални и регионални прашања, вклучувајќи ја и потребата за решавање на тековната политичка криза.

Таа денеска е во Тирана, каде како што јавуваат албанските медиуми, ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати и со лидерот на најголемата опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, а ќе има средба со претставници на граѓанскиот секор. Посетата ќе ја заврши со вечера со премиерот Еди Рама. Главна тема, како што јавува МИА, се очекува да бидат реформите во правосудството.

Исто така,  денеска ќе престојува и во Пришина, каде е предвидено да се сретне со косовскиот претседател Хашим Тачи, со спикерот на парламентот Кадри Весели, со премиерот Иса Мустафа, со потпретседателите на Владата, Хајредин Кучи и Бранимир Стојановиќ,како и со шефот на дипломатијата Енвер Хоџа. На средбите ќе стане збор за последните случувања во Косово, посебно прашањето за демаркацијата на границата со Црна Гора. Не се предвидени средби на Нуланд со косовската опозиција.