Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНуклеарни преговори – Крај на непријателството или почеток на стравот

Нуклеарни преговори – Крај на непријателството или почеток на стравот

Утре треба да финишираат „нуклеарните“ преговори со Иран и повеќе светски сили предводени од САД и ЕУ со кои треба да се регулира нуклеарната програма на оваа земја од Блискиот исток и да се дадат насоки со кои ќе се спречи создавање на оружје за масовно уништување.

iran pregovori„Се уште не сме таму каде посакуваме за неколку најтешки прашања, и вистината е дека целосно се сложувам со Зариф, министерот за надворешни работи на Иран дека никогаш не сме биле поблиску, но и покрај тоа во овој момент преговорите може да завршат на било кој начин“ изјави Џон Кери државниот секретар на САД по исцрпните дводневни преговори зад затворени врати.

Од Европската Унија пораките беа испратени преку високиот претставник за надворешна политика и безбедност Фредерика Могерини која порача дека мора да се почитува планот А и да се финишираат преговорите со договор уште утре како што беше предвидено.