HomeДЕНЕШНАСветНуклеарна скривница на Енвер Хоџa во Тирана стана музеј

Нуклеарна скривница на Енвер Хоџa во Тирана стана музеј

20161121112327

Нуклеарна скривница изградена во Тирана за време на албанскиот диктатор Енвер Хоџа, кој ширум земјата изгради повеќе од 700 илјади бункери, е претворена во музеј и отворена за јавноста овој викенд, пренесуваат албанските медиуми. Ископан кон почетокот на 80-тите години, бункерот од околу илјада квадратни метри е поврзан со неколку подземни галерии кои поминуваат под главниот град на Албанија.

Живеејќи во параноја од надворешна агресија, Енвер Хоџа, кој со земјата владееше од 1941-та па се до неговата смрт во 1985-та, изгради повеќе од 700 илјади бункери низ цела земја, а некои од нив беа отворени во последните неколку години.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com