Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиЊујорк пост: Требаше да ја слушаме онаа слепа бугарска старица за ИД

Њујорк пост: Требаше да ја слушаме онаа слепа бугарска старица за ИД

Еден од најпопуларните светски таблоиди – американскиот „Њујорк Пост”, објави натпис под наслов „Требаше да ja слушаме онаа слепа бугарска старица за ИД”. Станува збор за пророчицата од Петрич, родена во Струмица, популарна како Баба Ванѓа. На сајтот на весникот публикацијата за Ванѓа е најчитана меѓу сите други приказни.

„Слепиот мистик, за кого се тврди дека го предвидела 11 септември, цунамито од 26 декември 2004 година, хаваријата во нуклеарната централа во Фукушима и раѓањето на ИСИС, исто така дава злокобни предвидувања за 2016 година и понатаму. Родена во Струмица пророчица Баба Ванѓа, која почина на 85 години во 1996, била позната како „Нострадамус на Балканот” поради близу 85 отсто успех на предвидувањата и е почитувана во Русија и Европа како натприродна светица “, започнува написот во „Њујорк Пост”.

babavangapredictions– Морничаво е пророштвото кое предупредува дека во 2016 година ќе се случи инвазија во Европа од страна на муслиманите, се ќе започне во 2010 година, Априлската пролет во Сирија. Кулминацијата ќе се случи со воспостабувањето калифат во 2043 година со седиште во Рим – ги пренесува Њујорк Пост зборовите на Баба Ванѓа. Се додава дека според прорпочицата Европа каква што ја знаеме ќе престане да постои по систематската елиминација на цели нации, што континентот ќе го остави речиси празен и без никаков облик на живот.

Оние кои веруваат во Баба Ванѓа им се чини дека нејзините смртоносни пророштва ни се случуваат пред нос.
Стравот ја носи Ле Пен на власт во француските региони. Изданијата дури ги „предупредуваат” читателите за:
2016: Муслиманите ќе завладеат Европа
2023: Орбитата на Земјата ќе се промени (што и да значи тоа)
2025: Населението на Европа ќе достигне 0 (нула)
2033: Нивото на водата ќе се зголеми, поради топење на глечерите
2043, 2066 …
2076: Комунизмот ќе се врати во Европа

Препород на природата во 2084 година, враќање на вонземјаните и преселување на човештвото под вода, глобална суша, вулкански ерупции, пад на температура, промена на орбитата, војна на Марс, преселување на цивилизацијата на друга планета пред Земјата целосно да замре – некаде околу 3797 година.

Забелешка
Баба Ванѓа е читана тема насекаде низ светот, она што не треба да се случува е претставувањето на познатата пророчица како Бугарка, на што укажува и самиот наслов. Подолу во текстот на „Њујорк Пост” е споменато дека Баба Ванѓа е родена во Струмица, село кој тогаш било под Отоманската империја. Но никаде не споменато името Македонија.