Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНухиу му порача на Села: На крвавиот четврток направив се во моја можност за да нема жртви

Нухиу му порача на Села: На крвавиот четврток направив се во моја можност за да нема жртви

Министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу по изјавата на лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, дека министерот на 27. април, кога беа нападнати пратеници и новинар можел да направи повеќе, за ТВ 21 изјави дека ги презел сите активности кои биле во негова надлежност, и дека го сторил максимумот.

„Не знам какви биле околностите, но секој пат може да се направи повеќе. Доколку еден министер за внатрешни работи не успее да собере 20 полицајци или 50, да го сопрат овој срам што се случи во Собранието, тоа е тешко потфрлање“, рече претходно Села.