Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНухиу ќе бара одговорност: Полицијата не си ја заврши работата

Нухиу ќе бара одговорност: Полицијата не си ја заврши работата

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу за Алсат М синоќа изјави дека денеска ќе побара одговорност од сите ангажирани во Оперативниот штаб и зошто полицијата не реагираше на време.

– Навремено беше формиран оперативен штаб кој функционира уште од почетокот на протестите, но полицијата денеска не ја заврши работата, рече вчера Нухиу.

Да потсетиме, во Собранието упаднаа лица со фантомки на главите кои точно знаеја каде се движат и кои беа забележани како се поздравуваат со дел од полицајците.