Thursday, Apr 25, 2024
HomeАЈНШТАЈНИЈАКосмосНожот на египетскиот крал Тутанкамон потекнува од вселената-докажаа научниците

Ножот на египетскиот крал Тутанкамон потекнува од вселената-докажаа научниците

Се работи за сечилото на ножот кој бил пронајден покрај мумијата на кралот Тутанкамон, египетскиот фараон од 14-от век пред н.е. кое било направено од метероит, објавуваат истражувачите од Политехничкиот универзитет во Милано, Универзитетот во Писа и Египетскиот музеј во Каиро.

Тимот од овие научници направил анализа со рендгенски зраци и ги објавил своите резултати во списанието „Meteoritics and planetary science“. Археологот Хауард Картер ја откри гробницата на Тутанкамон во 1922 година. Три години подоцна, два ножа, еден железен и еден златен, биле пронајдени покрај неговата мумија.