Thursday, Apr 25, 2024
HomeГИГА БАЈТСмартфонnowPARK.me ќе го смени паркингот во Скопје

nowPARK.me ќе го смени паркингот во Скопје

Користејќи ги базите на отворени податоци од државните институции Јордан Крстевски и Ивана Талеска ја креираа одличната апликација nowPARK.me која е и првонаградена на Open Data Hackathon натпреварот. Покрај нив учестуваа 50-ина учесници, а имаа доволно време да ги реализираат своите идео во нов софтвер од 3 до 22 јуни.

now park me

nowPARK.me апликацијата му помага на корисникот да го пронајде најблиското паркинг место до зададената локација, а дава и информации за слободни места за паркирање. За почеток функционира во Скопје, но целта е да добие меѓународна примена бидејќи концептот е ефикасен и применлив секаде.

Втората награда ја доби Стеван Костовски за апликацијата SmartPhonebook, која ќе им помага на корисниците да знаат кој од нивните контакти го променил операторот и колку би ги чинел повикот. Третонаградени се Кристијан Арсовски и Дарко Котоски за апликацијата CultureApp, која ги прикажува сите театри и кина во Македонија и во која може да се погледне репертоарот на секој театар поединечно, да се купат и/или резервираат карти. Наградите на победниците им беа доделени од министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански.

OpenDataHackaton2_g

Покрај изработка на квалитетни апликации за корисниците Министерот Ивановски оцени дека ваквите натпревари ја подобруваат сликата за пристапот до отворените податоци на државните институции.

– Република Македонија пристапи кон глобалната иницијатива за Отворено владино партнерство во 2011 година, како 32 држава, и за четири години направивме многу активности на овој план. Со отворени 154 бази на податоци, Македонија не само што е лидер во регионот, туку и пошироко и за тоа има признание од Институтот за отворени податоци, изјави Ивановски.

OpenDataHackaton3_g

Генералниот директор на Мајкрософт во Скопје, Стефан Плавјански рече дека Open Data Hackathon натпреварот ќе стане традиционален и ќе се одржува наредните години. Компанијата Мајкрософт на најуспешните на натпреварот им додели мобилни телефони и таблет од новата технолошка генерација.