Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовогодишни дестинации кои се најпривлечни за Македонците

Новогодишни дестинации кои се најпривлечни за Македонците

И покрај големата бројка на граѓани кои нема да одат надвор од границите за најлудата новогодишна ноќ, понудите на туристичките агенции примамиле многу Македонци дочекот за Нова година да го поминат во соседството или во некоја европска метропола. Покрај градовите како Истанбул, Виена, Прага и Милано, најголема е заинтересираноста за Грција и Бугарија.


„Доминира Бугарија со зимските центри Банско, Боровец и Сандански. За сметка на Бугарија, за европските градови заинтересираноста е помала“, велат од туристичката агенција „Пет“.


Аранжманите за соседна Бугарија се движат од 100 до 150 евра за три ноќевања, додека за Грција во зависност од тоа дали се работи за две или за три ноќевања цените се од 75 до 125 евра. За најатрактивните метрополи, пак, треба да се одвојат од 150 до 350 евра, во зависност од дестинацијата, бројот на ноќевањата и што се е вклучено во аранжманот. Патувањата со „најсолени“ цени се за Малта и Дубаи, чија вредност достигнува и до 600 евра.