HomeДЕНЕШНАЕкономијаНово задолжување на Владата за краткорочни цели

Ново задолжување на Владата за краткорочни цели

Министерството за финансии во името на владата планира да собере нешто над 10 милиони евра. Според најавата, Владата  ќе побара 4,87 милиони евра преку 12-месечни државни записи и уште 5,93 милиони евра преку 15-годишни државни обврзници. Токму поради задолжувањето за краткорочни цели пристигнуваат серија на критики за неефикасно финансирање на буџетот и лоша кондиција на државната каса со непотребни и преголеми трошоци кои само го пумпаат долгот. Се очекува и реакција од заменик министерот Кире Наумов кој како член на опозицијата критикува за надминување на долгот од 50% на БДП.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com