HomeДЕНЕШНАЕкономијаНово задолжување кај домашните кредитори: Владата позајми 113 милиони евра

Ново задолжување кај домашните кредитори: Владата позајми 113 милиони евра

evra

Ново задолжување кај домашните кредитори. Владата позајми 113 милиони евра преку аукција на државни хартии од вредност. Дел од парите ќе се враќаат за 15 години. Утре, државата по основ на доспеани долгови во приватниот сектор ќе мора да врати скоро 53 милиони евра, а во четврток уште 60-тина милиони евра.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов побара итна владина седница за да се утврди максималниот износ на ново задолжување. Дополнителниот заменик министер тврди дека се крши член 51 од Уставот.

Од Министерството за финансии тврдат дека денешните аукции се законски и дека веќе се вратени 33 милиони евра во стопанството, а Кире Наумов шири невистини за да поентира политички.

Според податоците на Министерството за финансии заклучно со третиот квартал, јавниот долг достигна 4,7 милијарди евра или 50,6 од БДП што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com