HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиНово задолжително катче: прв портал за еко-вести и еколошко истражувачко новинарство

Ново задолжително катче: прв портал за еко-вести и еколошко истражувачко новинарство

Во рамки на Проектот „Развој на еколошко истражувачко новинарство“, Центарот за еколошка демократија Флорозон го изработи порталот ekologist.mk. Целта на креирањето на веб порталот е да се информира јавноста за теми поврзани со животната средина и да се зголеми присутноста на еколошките теми во медиумскиот простор.

Порталот е поставен на неколку столба кои покриваат различни вести кои се од интерес на пошироката јавност, а се однесуваат на прашања поврзани со загадувањето на воздухот, квалитетот на водите, но ќе прикажува и позитивни примери на однесување од страна на индустријата и јавноста, како во нашата земја така и надвор.

На порталот секојдневно се објавуваат вести и новости од областа на екологијата во категориите Скопје,Македонија, Балкан и Свет и истовремено служи за размена на информации помеѓу различните општествени чинители во полето на заштита на животната средина. Покрај ова, порталот ќе служи и како платформа преку која граѓанските организации ќе можат да вршат објави за активностите коишто се спроведуваат во рамките на нивните програмски планови.
slika-3
Иновативната страна на www.ekologist.mk е во тоа што посетителите имаат можност самите да објавуваат еколошки сториии и да и да известуваат за проблемите и позитивните пракси во рамки на нивните заедници и пошироко. На овој начин се обезбедува поголемо учество, влијание и вклученост на граѓанскиот сектор и граѓаните во заштитата на животната средина.

Покрај ова, порталот обезбедува интерактивност помеѓу посетителите овозможувајќи поставување на фотографии , во секцијата насловена „Ѕид на срамот – Хала на славните“. Во оваа секција, посетителите ќе можат да објавуваат свои фотографии кои ќе покажуваат примери на лоши и добри пракси во однесувањето на јавноста и индустријата кон животната средина. Сите објавени фоторгафии ќе бидат вклучени во конкурсот за избор на најдобра фотографија. Конкурсот има обезбедено награден фонд од вкупно шест вредносни ваучери во висина од 200 евра.. Наградите на учесниците ќе им бидат доделени на завршната конференција на Проектот во мај 2017 година.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com