HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНово сателитско радио посветено на љубителите на музиката

Ново сателитско радио посветено на љубителите на музиката

Сателитската радио мрежа „Сиријус икс-ем“ отвори нов радио-канал „Volume“ посветен на музиката, на кој исклучително ќе се зборува. Радио-каналот „Volume“ е мешавина од интервјуа, квизови и говорни програми и ќе дебитира на 17 октомври со музичари како Лејди Гага, Роберт Плант и Дејвид Крозби.

„Volume е како некое спортско радио наменето за љубителите на музиката“, открива продуцентот на извршната програма Роџер Колети. Лејди Гага ќе се појави во првото утринско издание на емисијата „Фидбек“ која ќе ја води Ник Картер и новинарката Лори Мајевски. Телевизискиот продуцент Бил Фланган ќе биде водител на сегментот за интервјуто на Роберт Плант и ќе биде негов прв гостин.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com