Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНово рочиште по тужбата на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски

Ново рочиште по тужбата на Ахмети и Џафери против Слободан Богоевски

Денеска во10.30 часот, во Основниот суд Скопје 2 продолжува рочиштето за тужбата на лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски, пренесува „Плус инфо“

Ахмети и Џафери го тужат ексразузнавачот Богоевски за клевета поради неговото сведоштво во судот во Њујорк за случајот „Маѓар Телеком“.

Богоевски во сведоштвото пред американскиот суд посочи дека 7,5 милиони евра биле внесени во Македонија со службен владин автомобил за поткуп на тројца политичари – експремиерот Владо Бучковски, лидерот на ДУИ Али Ахмети и Муса Џафери.

Судот на минатото рочиште прифати за сведоци да ги повика адвокатката Билјана Панова, нотарот Сашо Клисаровски и преведувачката пред кои наводно е дадена, односно заверена изјавата која била користена за потребите на постапката во САД, па оттука, Ахмети и Џафери ќе докажуваат дека изјавата била дадена во Скопје и за тоа е надлежен скопскиот суд, а не на екстериторија во Амбасадата на САД во Скопје.

Како отштета во овие процеси Ахмети побара 3 милиони денари, а Џафери 2,5 милиони денари.

Поранешните директори на „Маѓар Телком“, Елег Штрауб и Андрас Балог се спогодија да платат парични казни и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва. Штрауб ќе плати казна од 250 илјади долари, а Балог од 150 илјади долари.