Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНово потонување на брод со мигранти во Егејско Море, загинаа 11 лица

Ново потонување на брод со мигранти во Егејско Море, загинаа 11 лица

Околу единаесет мигранти загина, а уште тринаесет други се исчезнати при потонување на дрвен чун во регионот на островот Фармакониси, Егејско Море. Операцијата за спасување започнала во два часот по полноќ по пријава од непознато лице кое забележало дека во морето има луѓе, пишува грчкиот портал „Њуз ин“.

Во спасувачката акција учество заземале тимот на Европската агенција за заштита на надворешните граници Фронтекс, еден хеликоптер, два чамци на крајбрежната стража и еден воен и еден приватен брод.