Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНово осветлување во тунелите со ЛЕД светилки

Ново осветлување во тунелите со ЛЕД светилки

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, заедно со директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов денеска изврши увид во работата за осветлување на тунелот на потегот од Велес кон Катланово, во рамки на проектот за осветлување тунели и клучки на автопатот на Коридорот 10.

– Осветлувањето на тунелите ќе се биде со ЛЕД сијалици со што значително ќе се зголеми прегледноста на возачите, а со тоа и безбедноста во сообраќајот. Исто така ќе се изврши и осветлување пред и после тунелот на ист начин како што е осветлен и тунелот кај Катланово. По завршување на овој тунел веднаш ќе се започне со работа и на третиот на потегот Велес-Катланово и очекуваме некаде до октомври оваа година да го завршиме осветлувањето, изјави министерот Мисајловски.

Тој најави дека се планира во исто време да се изврши и осветлување на клучката Велес – Север, потоа крстосницата Прилеп – Плетвар и крстосницата кај Крушево. Вкупната инвестиција за оваа реализација, е 17, 6 милиони денари.