Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНово ограничување на брзината во Дебар Маало

Ново ограничување на брзината во Дебар Маало

Ново ограничување на брзината во општина Центар. Проектот „Зона 30 – за безбеден Центар“ предвидува ограничување за движење на возилата со брзина од 30 километри на час.

Како што соопшти општина Центар, ограничувањето на брзината на движење на возилата го опфаќа делот на општина Центар, ограничен со улиците булевар „Партизански Одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Илинден“ и булевар „Св. Климент Охридски“.

Беа поделени флаери за граѓаните дасе запознаат со новите правила, а градоначалникот Жерновски ги повика граѓаните да ги почитуваат новите знаци. На влезните и излезните улици на видни места низ Дебар Маало се поставени 25 сообраќајни знаци.