HomeГИГА БАЈТСмартфонНово на WhatsApp: отсега директно гледање на видеата

Ново на WhatsApp: отсега директно гледање на видеата

b1611230400

После одлуката да воведат видео разговори за своите корисници, од WhatsApp подготвија уште еден новитет. Овој пат станува збор за гледање на видеата без претходно симнување на вашиот уред.

Имено, апликацијата WhatsApp повеќе не бара од своите корисници да ги симнат видеата пред да можат да ги погледнат, како што беше случај со YouTube и другите такви сервиси, кои ги репродуцираат видеата без симнување.

Оваа опција моментално е достапна за Android апликацијата, а во наредните денови ќе биде овозможена и за останатите корисници.

“Сега не мора да чекате за да дознаете дали видеото вреди за вашето внимание. Тоа е голема предност”, пишаа од “Mashable”.

Корисниците долго време се жалеа на начинот на споделување на видео содржината во инстант пораките, како и на гласовните повици. WhatsApp во последно време сериозно се посвети на додавање на нови опции, но прилично многу доцни зад Facebook и Viber каде опциите за гледање на видеа без претходно симнување постојат веќе некое време.

POST TAGS:
Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com