Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовите возови ќе сообраќаат по старо-нов возен ред во 2016!

Новите возови ќе сообраќаат по старо-нов возен ред во 2016!

Нови возови по старонов возен ред издаде Македонски железници за претстојнава година. Тивко и без медиумско известување или известување на официјалниот веб сајт, од вчера возовите во домашниот и меѓународен железички коридор сообраќаат по новиот возен ред. Покрај тоа што дури од следната година се очекуваат новите моторни вагони за патниците, во новиот возен ред нема поважни измени.

Во меѓународниот сообраќај, остануваат двата пара возови на релација Скопје – Белград – Скопје, со поаѓање од македонската метропола во 8:20 и во 22:19 часот.

На релација Скопје – Солун – Скопје сообраќа еден пар возови, со поаѓање од Скопје во 4:45 часот, додека од Солун експресниот воз тргнува во 18:30 часот. На релација Скопје – Приштина – Скопје во возниот ред е впишан еден пар брзи возови, кои ќе поаѓаат секој ден од Скопје во 16:10 часот. Во внатрешниот патнички сообраќај на патниците ќе им бидат на располагање четири пара возови меѓу Скопје и Битола, три пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, два пара возови меѓу Скопје и Кичево, и еден пар возови дневно меѓу Скопје и Кочани. На релација Скопје – Велес – Скопје и Скопје – Табановце – Скопје сообраќаат идентичен пар возови како и во постоечкиот возен ред.

Патиците кои ќе сакаат со воз да стигнат до поодалечените дестиации, во текот на следната година од Скопје ќе сообраќаат редовните експресни возови и директни вагони од Белград кон Будимпешта, Загреб, Љубљана, Виена, Цирих и Москва.

По реновирањето на железничката во Скопје, патниците сега ги очекуваат и новите возови што побрзо да пристигнат.