Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовите вакцини побезбедни за најмладите

Новите вакцини побезбедни за најмладите

Здраствените институции задолжени за имунизација започнаа да ги користат новите шествалентни вакцини и во последните два дена околу 50 бебиња веќе ги примиле. Од советот за имунизации и здравствениот дом Скопје посочуваат дека на овој начин кај најмладите ќе се намали бројот на боцкања од 13 на само 7 во текот на годината, со што ќе се подобри календарот.

Сите новородени кои имаат примено само по една доза вакцина во родилиште ќе стартуваат со шествалентната вакцина, по календар е така, па петвалентна, па шествалентна. Оние кои веќе имаат почнато одредена доза од претходните вакцини ќе продолжат со петвалентна, а последната доза ќе биде шествалентна. Значи секој тим кој работи во советувалиштата е запознаен со календарот на имунизација и согласно возраста така ќе продолжи со петвалентна или шествалентна вакцина, изјави Татјана Баевска Вучковиќ, директор на Здравствен дом Скопје.

Засега нема пријавено случаи на несакани ефекти или последици по примањето на вакцината и голем број на експерти ги препорачуваат поливалентните вакцини како најбезбедни и најефикасни.