HomeДЕНЕШНАЕкономијаНовите куполи во Собрание пуштени во употреба – потрошено дупло од планираното

Новите куполи во Собрание пуштени во употреба – потрошено дупло од планираното

Седумдесет и петата годишнина од македонското народно востание вчера беше одбележана и со свечена академија во Собранието на Република Македонија. Свечената академија истовремено претставуваше и пуштање во употреба на новоизградените и надградените објекти во Собранието, односно големата купола, конгресната сала, како новата зграда во дворот на објектот. На приемот присуствуваа многу официјални лица и јавни личности, а се обрати и Шефот на Собранието Трајко Вељановски.

Со овие градежни измени, Собранието доби нови 4.000 квадрати, со што неговата површина сега изнесува 18.000 метри квадратни. Овој масивен проект траеше 6 години. Кога почна беше планирано да чини 10,5 милиони евра, а заврши со потрошени 20,6 милиони евра. Неодамна архитектот на проектот Вангел Божиновски изјави дека Македонија ќе се гордее пред светот со овој проект.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com