Thursday, Apr 18, 2024
HomeАНТИСТРЕСГурманНовите генерации не се палат на McDonalds

Новите генерации не се палат на McDonalds

Ланецот на ресторани за брза храна McDonalds некарактеристично бележи голем пад на продажбата, а со тоа и на профитот бидејќи новите генерации на возраст од 15 до 30 години се поретко јадат бургери и помфрит и се вртат кон здравата храна, како и кон побогатите избори на кулинарски рецепти со квалитетни вкусови.

Младите генерации сакаат да експериментираат со храната, да пробуваат различни национални кујни, нови вкусови, органска храна и повеќе зеленчук, отколку препржени хамбургери, мрсни помфрити и високалорични сосови.

Тоа можеби нема ништо да ви значи на вас бидејќи во Македонија нема ресторан на McDonalds, но реално ако размислите дури и да има тешко дека тој ќе биде екстра профитабилен со оглед на огромната понуда на пекари, сендвичари и ресторани кои нудат многу вкусна и разновидна храна.