HomeАЈНШТАЈНИЈААтомНовите елементи го комплетираа седмиот ред на периодниот систем

Новите елементи го комплетираа седмиот ред на периодниот систем

16991879_303

Меѓународното здружение за чиста и применета хемија (ИУПАК) во средата објави дека врвни научници ги финализирале имињата на четирите нови елементи кои ќе се најдат во периодниот систем на хемиските елементи поѐнат и како Менделеев систем.

По петмесечниот период на јавен увид, ИУПАК официјално ги одобри имињата ниониум (Nh) за елементот со атомски број 113, московиум (Mc) за елементот со атомски број 115, тенесин (Ts) за 117 и оганесон (Og) за 118.

Ниониум, кој е првиот елемент откриен од страна на јапонски научници, доаѓа од јапонскиот збор за Јапонија – „нион“, кој во буквален превод значи „земјата на изгрејсонцето“.

„Овој елементот е прв кој е именуван од страна на Јапонци и Азијци воопшто и ќе го добие своето место на периодниот систем – интелектуалното наследство на човештвото“ изјави Косуке Морита научникот кој го водеше тимот во институтот РИКЕН Нишима.

Рускиот главен град е инспирацијата за името московиум, предложен од страна на заедничкиот тим од руски и американски научници кои ги открија елементите 115 и 117, затоа што голем дел од истражувањето беше спроведено во Москва.

Заедничкиот институт за нуклеарни истражувања во Русија, заедно со американските партнери од Националнара лабораторија Оук Риџ на Вандербилт универзитетот и Националната лабораторија – Лоренс Ливермор за создавањето на новите елементи го користеа големиот акцелератор на јони на лабораторијата Флеров за нуклеарни реакции.

Заедничкиот тим го предложи името тенесин за да се афирмира придонесот на сојузната држава во САД Тенеси во истражувањето.

Друг тим на од американси и руски научници го предложи името оганесон во чест на нуклеарниот физичар Јури Оганесиан за неговиот пионерски придонес во полето на истражување на трансактинидните елементи. Во соопштение за јавноста, од ИУПАК истакнаа дека во неговите достугнувања се вклучува „откривањето на супертешки елементи и други значителни откритија во областа на нуклеарната физика на супертешки јадра вклучувајќи и експериментални докази “.

Фанови на Моторхед разочарани

Ново откриените елементи традиционално се именуваат според одредено географско место или научник.

За време на петмесечниот јавен увид, ИУПАК добија бројни петиции кои предложија различни имиња, меѓу кои и предлог за името лемиум инспирирано од починатиот фронтмент на групата Моторхед Леми Килмистер. Сепак, според важечките одредби, само оние кои го откриле елементот имаат право да го именуваат.

„Беше вистинско задоволство да се дознае дека толку многу луѓе се заинтересирани за именување на новите елементи, вклучувајќи средношколци, кои пишуваа есеи за можните имиња и кои истакнаа дека се гордеат поради тоа што имале можност да партиципираат во дискусиите“, изјави професорот Јан Редијк, претседател на одделот за неорганска хемија.

„Тоа претставува долг процес, од пронаоѓањето до конечното именување и ИУПАК се благодарни за соработката на сите кои беа вклучени. За сега, сите можеме да ја цениме нашиот периоден систем кој е комплетиран до седмиот ред“.

Извор: http://m.dw.com/mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com