Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаНовиот водовод ќе реши потребите на туристичката населба на Беровско езеро

Новиот водовод ќе реши потребите на туристичката населба на Беровско езеро

Општина Берово ја најави изградбата на водоводната мрежа за туристичката населба околу Беровското езеро со што ќе се решат проблемите на сопствениците, но и на туристите со што се очекува поголем развој на еден од омилените туристички капацитети во земјава.

berovsko ezero2

Проектот ќе се реализира преку апликација за средства од ИПА фондовите за прекугранична соработка со општина Сандански од Република Бугарија. Водоводот ќе има пречистителна филтер станица и резерворар со капацитет од 350 м3, додека пак самата мрежа ќе се протега на 8 километри. Висината на проектот изнесува околу 500 илјади евра.