Thursday, Apr 25, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмНовиот трејлер за Star Wars: Rogue One ги возбуди сите фанови

Новиот трејлер за Star Wars: Rogue One ги возбуди сите фанови

Disney и LucasFilm го пуштија вториот трејлер за претстојниот Star Wars: Rogue One кој изгледа уште подобро и поспектакуларно без оглед што дејството се одвива во минатото при изградбата на Ѕвездата на смртта при што мал тим на отпадници има задача да ги украде плановите за изградбата на страшното оружје за Бунтовниците.

Тоа што најмногу ги возбуди фановите е враќањето на иконскиот негативец на сите времиња Дарт Вејдер кој се појавува само во последната секунда од трејлерот, но самиот тон на филмот како брутална воена акција ветува огромни воздбудување во ноември кога ќе се одржи премиерата.