HomeФЕР ПЛЕЈФудбалНовиот стадион на Зенит како вселенски брод!

Новиот стадион на Зенит како вселенски брод!

Кога ќе го споменеме фактот дека изградбата на стадионот „Краетовски“ ќе изнесува 1.4 милијарди американски долари тогаш се ќе ви стане јасно. Овој импозантен објект кој го проектираше јапонскиот архитект Кишо Курокава беше отворен оваа година, а на него ќе се играат и натпреварите од Купот на Конфедерации 2017 година и секако натпреварите на предстоечкиот мундијал 2018 година, како и Европското првенство 2020 година.

Ова ќе биде новиот дом на фудбалерите на Зенит и тогаш ќе се вика „Zenit Arena“, во останатите случаеви ќе се користи името „Краетовски“, бидејќи се наоѓа на истоимениот остров во Санкт Петербург. Капацитетот на стадионот изнесува 68.134 места, додека кога ќе се одржуваат концерти ќе може да собере и до 80.000 посетители.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com