HomeДЕНЕШНАПолитикаНовиот предмет „Трезор“ е најделикатен за СЈО и Катица Јанева

Новиот предмет „Трезор“ е најделикатен за СЈО и Катица Јанева

СЈО го поведе најделикатниот случај досега наречен „Трезор“ кој опфаќа активности за прогон на моќни луѓе од петттата управа. „Трезор“ поточно се однесува на злоупотреба на средства од Буџетот на РМ во висина од 862 илјади евра.

Обвинителката Фатиме Фетаи на прес-конференција информира дека овој предмет се однесува на груба злоупотреба на средствата од Буџетот на Република Македонија од страна на три раководни лица во УБК и едно раководно лице во Министерството за внатрешни работи.

Како осомничени се јавуваат 3 лица на раководни позиции во Управата за безбедност и контраразузнавање и едно лице на раководна позиција во МВР. Како што рече Фетаи, тие го оштетиле Буџетот на РМ за 862.042 евра во корист на правното лице Финзи ДООЕЛ Скопје.

Како што истакна обвинителката Фатиме Фетаи, осомничените прибавиле противправна имотна корист за правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Според обвнителката Ленче Ристовски, починатиот Коста Крпач бич редовен сведок во повеќе наврати дал клучни информации и докази во повеќе истраги вклучувајќи ја и оваа за „Трезор“ која е најделикатна досега.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com