Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовиот плоштад во Охрид свечено отворен

Новиот плоштад во Охрид свечено отворен

Синоќа во Охрид беше свечено пуштен во употреба новоизградениот плоштад. Тој се протега на површина од околу илјада метри квадратни, што според надлежните, целосно се вклопува во архитектурните особености на градот.

Просторот е хортикултурно уреден, осветлен, а централно место во него завземаат две фонтани, од кои едната украсена со мозаик со мотиви од ранохристијанската базилика на Плаошник, дело на охридскиот уметник Никола Упевче. Дел од плоштадот е уреден во вид на амфитеатар, што може да се користи како место за културно-уметнички манифестации.

Реконструкцијата на просторот е дело на градските локални претпријатија, додека фонтаните ги изработи охридска фирма. Вкупната вредност на проектот изнесува 8,7 милиони денари.