Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовиот модерен кинески воз почна со редовна употреба

Новиот модерен кинески воз почна со редовна употреба

Од вчера претпладне започна со работа и новиот патнички воз на Македонски железници. Потелкото на овој „ин“ воз е од кина и има капацитет од 200 патници. Сообраќа на редовните линии од Скопје за Велес во 9 наутро и на пладне во 13 часот и 20 минути, од Велес за Скопје во 11 часот и 50 минути и 14 часот и 25 минути и од Скопје за Табановце во попладневните часови.

voz2Модерниот електричен кинески воз во Македонија стигна во месец ноември, чекаше неколку месеци поради пробниот период во кој стручњаците од Кина ги обучуваа македонските возачи и се чекаше добивање на атест. Инаку, возот има електронска табла за управување, монитори, камери, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците и вакум тоалети.