HomeДЕНЕШНАПолитикаНовиот директор на ЈП „Службен весник“ утре полни 24 години

Новиот директор на ЈП „Службен весник“ утре полни 24 години

На 24- годишна возрат и само една година работно искуство, Лука Кржаловски, пред помалку од една недела стапи на функцијата директор на ЈП „Службен весник“. Неговата биографија денеска беше и официјално објавена на веб страната на претпријатието, а неговата возраст и работно искуство предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.

Кржаловски не одговараше на повиците на позитив.мк за став во однос на реакциите. Нашата редакција го контактираше и претпријатието со кое тој сега раководи, меѓутоа тие не сакаа да не поврзат со него и не упатија прашањата да му ги доставиме на е-маил адресата. До сега, тој не испрати одговор.

Претходно со претпријатието раководеше Ангела Атанасова. Инаку Лука Кржаловски, кој дојде на нејзиното место, во јавноста е познат како еден од најистакнатите членови на Унијата на млади сили на ВМРО- ДПМНЕ.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com