HomeДЕНЕШНАРегионНовиот бугарски претседател ја гледа Македонија како пријателска земја

Новиот бугарски претседател ја гледа Македонија како пријателска земја

rumen-radev

Новоизбраниот бугарски претседател Румен Радев откако победи на изборите пред новинарите изјави дека очекува да се подобрат односите со Македонија.

– Македонија е соседна и пријателска држава. Очекуваме да потпишеме договор за добрососедство и соработка со Република Македонија, изјави бугарскиот претседател Румен Радев, за БГнес.

Радев ќе треба да избере и нов мандатар откако премиерот Бојко Борисов најави дека ќе си поднесе оставка бидејќи неговата партија ги загубила претседателските избори.

– Имаме договорот со Росен Плевнелиев, поточно неговото уверување дека ќе имаме консултации по ова прашање, рече Радев како одговор на прашањето дали ќе прават заедно со актуелниот претседател евенатуален иден службен кабинет. “За мене средбата беше исклучително плодна”, рече Радев.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com