Saturday, Aug 19, 2017
HomeРЕФЛЕКТОРМедиумиНовинарски гаф на годината: Ја заменија хрватската претседателка со старлетата Коко

Новинарски гаф на годината: Ја заменија хрватската претседателка со старлетата Коко

1kolinda-koko5

Новинарски гаф на годината. Панамскиот дневен весник Критика на својата интернет страница објави вест како хрватската претседателка во бикини привлекува погледи на плажа. Што мислеле уредниците кога Колинда Грабар Китаровиќ ја замениле со американската старлета Коко? Очигледно ништо, едноставно не ја виделе разликата.
2kolinda-koko5– Хрватската претседателка привлекува погледи на плажа – објави порталот на панамскиот весник. Имено, на фотографијата Коко е во шарено минијатурно бикини и ужива на песочна плажа. Приказната за голишавата хрватска претседателка ја презедоа и други медиуми, а само перуанскиот портал Ла Република ја провери приказната и сфати дека на фотографијата е популарната Коко, а не хрватската претседателка.