Thursday, Apr 18, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаНовинарска работилница на „Д фестивал“ во Дојран

Новинарска работилница на „Д фестивал“ во Дојран

И оваа година Радио МОФ во соработка со „Д фестивал“ организира „Радио МОФ Media Desk“ новинарска работилница, која ќе се одвива во периодот од 17. до 19. јули во Дојран.

Работилницата ќе претставува еден вид редакција од млади новинари кои под менторство на новинарот Жарко Настоски ќе пишуваат за музичките настапи на Manu Chao, Wilkinson, DJAIKOVSKI feat. TK WONDER, Bad Copy, Ljubojna Brass Fantasy, Фолтин, Elektricni orgazam, ZAA, K.У.Р, Foolish green, Blaa blaa blaa, BAiLdSA, PMG Kolektiv, DRUM’N’BRASS TRIO, Retro Cabaret, Opatnitza, Новиот почеток, Furion, Point Blank, June, Brooka Band и многу други, кои ќе настапуваат за време на „Д фестивал“.

Целта на работилницата е сите учесници низ практична теренска работа да ги збогатат своите новинарски вештини. Текстовите кои ќе бидат изработени во текот на работилницата ќе бидат објавени на блогот на „Д фестивал“ како и во весникот кој ќе се издава за време на фестивалот. Пријавувањето е најдоцна до 8. јули.