Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарката на pozitiv.mk без имунитет, отпуштена од Сител заради колумна

Новинарката на pozitiv.mk без имунитет, отпуштена од Сител заради колумна

Новинарката Кристина Атовска на 8 март, денот на жената, доби известување дека повеќе нема да работи во утринската редакција на ТВ Сител поради нејзината колумна „Новинарски имунитет за Јанкуловска“ објавена претходно на pozitiv.mk.

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работиници солидарно застана зад нашата колешка кој е отпуштена за објава на колумна во која ги изразува сопствените ставови и мислење и укажува на едностраноста во водењето на интервјуто со екс министерката Гордана Јанкуловска без да и биде поставено ниту едно тешко прашање за кое јавноста жедно чека одговор.

„Јас во ниту еден момент од мојот хонорарен анганжман не ги прекршив уредувачките правила на телевизија Сител, ниту пак моите професионални стандарди. Како хонорарец сметам дека имам право на уште една хонорана работа која не е противречна“.

Тамара Чаусидис, претседателката на ССНМ, потенцираше дека ова е прв случај кој јавно се открива бидејќи голем дел од пред се младите колеги се правно незаштитени без никакви договори. Ова укажува на притисоците во професијата каде новинарите се повеќе ги напуштаат редакциите.

„Доколку не се солидиразираме ова може на секого да му се случи. Апелирам до Сител да ја врати новинарката на работа бидејќи треба да ја препознае нејзината вредност и храброст со име и презиме да се потпише зад критичката колумна во која изразува свои ставови.“

pozitiv.mk заедно со целиот уреднички и новинарски тим ќе продолжи да се залага за плурализам на мислење од целиот политички и јавен спектар во Македонија, за теми и прашања за кои јавноста има право да биде информирана и известена. pozitiv.mk има отворена политика за секој кој сака да изрази став, мислење, порака и ќе продолжи со поддршката за реформи во новинарската професија во Македонија, каде ни е потребна поголема солидарност.

Автор: Христијан Станоевиќ