Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеНовинарите се собраа пред судот во Скопје, бараат ослободување на Божиновски!

Новинарите се собраа пред судот во Скопје, бараат ослободување на Божиновски!

Новинарите се собраа пред судот во Скопје за да побараат ослободување од притвор за новинарот Зоран Божиновски. Ова е пораката со која се обратија новинарите:

„Дојдени сме денеска пред судот во Скопје, да ја изразиме нашата солидарност со новинарот Зоран Божиновски, кој веќе три години е изложен на судски прогон поради неговата работа како новинар.Ги потсетуваме судиите дека Македонија е втора земја во Европа каде има новинар во затвор. Прво беше осуден Томислав Кежаровски, сега Божиновски, гласно се прашуваме кој ќе биде следниот. Во земја каде новинари се затворат, таму е заробена и слободата на говорот и слободата на медиумите. Таквите судски постапки имаат за цел да ги казнуваат непослушните новинари и да ги дисциплинираат и застрашуваат останатите.

Не сме тука да вршиме притисок на судот и да им кажеме какви пресуди треба да донесат. Тука сме да го кренеме гласот против неправдата.Божиновски уште несуден веќе помина скоро две години во затвор, од кои 18 месеци во екстрадиционен притвор во Србија и уште четири месеци во Македонија. Судиите што одбиваат да изрекуваат притвор за политичари осомничени за рушење на демократскиот поредок на земјата, а лесно притвораат новинари, немаат право да се затскријат зад начелото за независноста на судството.

Бараме Божиновски веднаш да се пушти од притвор и да му се овозможи како некои поранешни функционери да се брани од слобода. Ако не постои опасност политичари осомничени за тешки дела да ја напуштат земјата, тогаш уште е помала веројатноста дека новинар ќе ја избегне правдата.Инсистираме случајот на Божиновски да биде предаден на Специјалното јавно обвинителство затоа што нивната надлежност над овој предмет е неспорна. Секое одбивање на обвинителството да се предаде случајот, ќе значи оневозможување на правдата и зголемувањето на сомнежот во јавноста дека некој сака по секоја цена да осуди новинар со затвор во знак на одмазда заради објавување на злоупотреби на власта“.

IMG_20160901_100131-1024x768