Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарите протестираа, работните групи не се појавија

Новинарите протестираа, работните групи не се појавија

Новинарите денес излегоа на најавениот протест пред Клубот на пратеници но, работнитите групи на четирите најголеми политички партии ја откажаа средбата поради како што е наведено – потреба за дополнителни консултации. Медиумските организации предводени од ЗНМ, ССНМ и МИМ протестираа против водењето на преговори за медиумската сфера во Македонија зад затворени врати.

„Ги повикуваме Европската Унија и Соединетите американски држави кои го гарантираат реализирањето на договорот од Пржино да ни овозможат нас како медиумски организации да бидеме дел од преговорите за медиумската состојба во Македонија. Политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА функционираат на принципот да се смени се, а се да остане исто и нема да дозволиме да се прошверцуваат решенија кои не се во полза на медиумската слобода“, истакна Насер Селмани претседателот на ЗНМ.

Партиите се далеку од постигнување на договор иако предвидениот рок истекува утре, па во наредниот период новинарите ќе продолжат со притисокот бидејќи се потребни квалитетни, разумни и правчни решенија за уредување на медиумите, како и на Македонската радио телевизија, Македонската информативна агенција и условите и правилата за медиумско работење.