Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНовинарите од Хонг Конг жртви на полицијата и демонстрантите

Новинарите од Хонг Конг жртви на полицијата и демонстрантите

Новинарите на Хонг Конг ја обележаа годината како една од најризичните досега со рекорден број на напади и од страна на полицијата, но и од страна на демонстранти. Хонг Конг минатата година влезе во серија на демонстрации и протести за добивање на поголема автономија од владата на Кина, како и реформа на политичкиот систем каде шефот на државата ќе биде самостојно одбран, а не претходно предложен од комунистичката народна партија.

Hong Kong

Здружението на новинари на Хонг Конг го презентираше извештајот во кој новинарите за време на протестите биле силно нападнати од демонстрантите со удари и клоци, влечени по земја, а на фоторепортерите и снимателите им била уништувана опремата.

HONG-KONG protests

Интересно е што новинарите кои известуваа за протестите и креира јавно мнение за политички реформи беа напаѓани од истите луѓе кои ги застапуваат овие идеи. Сличен однос добиле и од полицијата која според повеќе извештаи има користено прекумерна физичка сила и врз новинарите и врз демонстрантите и случајните минувачи.