HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарите на Утрински најверојатно ќе се спасат од откази

Новинарите на Утрински најверојатно ќе се спасат од откази

utrinski-vesnik

Менаџментот на Медиа Принт Македонија најверојатно нема да ја спроведе одлуката за доделување на откази на десетина вработени и новинари од дневниот весник „Утрински“ иако претходно Срѓан Керим, еден од менаџерите тврдеше дека мора да има отпуштања поради слабите финансиски резултати и дека тоа нема никаква политичка мотивираност. Исто така е одлучено Утрински како дневен весник да продолжи да се печати и излегува.

Самостојниот синдикат и здружението на новинари застанаа во одбрана на колегите. Тие порачаа дека финансиската ситуација во „Утрински весник“ не е одговорност на новинарите, туку на менаџерскиот тим, нивните лоши одлуки и поврзаноста со власта. Токму честите промени на уредувачките тимови и новинарскиот кадар допринесе за губење на довербата кај читателите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com