Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарите на Телма шокирани, се бркаат професионалци се чисти терен

Новинарите на Телма шокирани, се бркаат професионалци се чисти терен

По одлуката на раководството на Телма за технолошки вишок да бидат прогласени 12 искусни новинари не стивнуваат негативните реакции. Од отпуштените новинари се огласија Емилија Лазаревска и Јулијана Лефковска Пешевска со објави на социјалните мрежи во кои посочуваат дека се отстранети професионалци со долгогодишно искуство во професијата како и едни од поистакнатите уредници.

„Објаснувањето е дека во првите три месеци од годината телевизијата прикажала најголема загуба од своето постоење?! Дали сме ние виновни за тоа? Вели дека се прави нова систематизација и рационализација на кадарот, а во последните две години континуирано се примаат нови луѓе. Дали се поквалитетни од нас, од мене, од Јуле, од Зајкова, од Панта, од Бранка…..НЕ! Па кој е критериумот? За жал, ова е последниот удар на професионалното новинарство!“ – вели Лазаревска за Плус Инфо.

telma vesti1

Пешевска праша дали ракводството на „професионалната“ Телма ќе совест да ја погледне во очи бидејќи немала ниту една дамка во професионалната кариера. Официјален став на ТВ Телма се уште не е соопштен, се чека и средба со синдикатот на телевизијата и новинарските здруженија.