Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинарите бараат вклученост во преговорите за својата иднина

Новинарите бараат вклученост во преговорите за својата иднина

Новинарските здруженија и Самостојниот синдикат на медиумски работници се незадоволни од преговорите кои се водат за медумската сфера зад затворени врати меѓу работните групи на политичките партии и европскиот олеснувач Питер Ванхојт.

ssnm

Новинарите бараат да се слушнат нивните предлози за долготрајни решенија и реформи во медиумската сфера, а ССНМ бара да се подобрат и работничките права на новинарите и вработените во медиумите и да се заштити нивната синдикална дејност.

mediumi sloboda

Предвидениот рок за подобрување на состојбата се пробиение па сите идеи за реформи во МТВ, МИА и Агенцијата за аудиовизуелни дејности ќе се разгледуваат во текот на наредната недела.

Се разгледува и можноста за организирање на предизборни дебати иницирано од Европската делегација во Скопје, но предлогот не е усвоен од приватните медиуми. Исто така неприфатливи се и предложените високи казни за медиумите во текот на предизборниот период.