Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНовинари од Франција и Балканот по трагите од Првата светска војна

Новинари од Франција и Балканот по трагите од Првата светска војна

Дванаесет млади журналисти под менторство на шест познати француски новинари се дел од патувачкиот новинарски семинар „По стапките на Албер Лондр“ кој ќе се реализира во нашата земја од први до 15-ти август.

Овој патувачки семинар ќе биде исполнет со многу истражувања како во нашата земја, така и во Албанија во кое новинарите ќе имаат можност да истражуваат и да пишуваат за трагите од Првата светска војна. Токму Албер Лондр пред 100 години пишувал за Македонија за време на војната. Практична работа на пишување написи, репортажи, интервјуа и видео снимање ќе бидат неизоставен дел за новинарите, а ќе имаат можност и да се среќаваат со локалното население, експерти, колеги од Македонија и Албанија. Крајот од патувањето ќе биде зачинет со снимање на краткометражен документарен филм од секој новинар засебно.

novinariПроектот е координиран од страна на организацијата „По стапките на Албер Лондр“ во соработка со Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА) – Скопје. Се реализира во рамките на програмата за децентрализирана соработка Долна Нормандија – Македонија и мрежата на француски локални власти кои соработуваат со Балканот, Франција – Балкан.