Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинари на Република нападнати пред седиштето на СДСМ

Новинари на Република нападнати пред седиштето на СДСМ

Порталот Република тврди дека нивна новинарска екипа била нападната пред седиштето на СДСМ од страна на партиски активисти во моментот кога правеле слика од автомобил со српски регистарски таблички.

republika-670x670

„Нападот се случи попладнево околу 16 часот додека екипата на „Република“ го фотографираше возилото со белградски таблички на српските продавачи на скапа магла паркирано пред штабот на СДСМ. Непознати лица излегоа од зградата и прво вербално ја нападнаа екипата, а потоа и се обидоа да му го одземат фотоапаратот на фотографот. Откако не успеаја во намерата, насилниците му го одзедоа телефонот по што го внесоа во зградата. По извесно време еден од насилниците го фрли телефонот во дворот, пренесе Република.

СДСМ подоцна го негираше инцидентот тврдејќи дека новинарска екипа на Република воопшто не побарала изјава ниту пак го пријавила случајот во партиското седиште.

„Во врска со написот во Република за наводен инцидент пред седиштето на СДСМ, соопштуваме дека никој нема пријавено во партијата каков било проблем, ниту пак имаме информација дека пред седиштето на партијата имало медиумски работници кои сакале да снимаат. СДСМ е отворена партија којашто отсекогаш се залагала и секогаш ќе се залага за слободен пристап до информации и за целосно почитување на професионалните новинарски стандарди. Доколку се случил каков било проблем за каков што известува порталот Република најостро го осудуваме“, соопштија од партијата.

За инцидентот од Република посочија дека ќе ги информираат сите домашни и меѓународни новинарски здруженија и асоцијации.