Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНовинари и активисти бараа оставка од Пешевски

Новинари и активисти бараа оставка од Пешевски

Новинари, колумнисти, активисти и студенти денеска на получасовен мирен собир пред Владата изразија револт од вчерашниот физички напад на вицепремиерот Владимир Пешевски кон уредникот на порталот Мактел, Саше Ивановски поради поставено прашање на јавен простор.

Членовите на Новинарскиот пленум, велат дека за физичкиот напад поради поставено прашање, најмалку што може вицепремиерот Пешевски да направи е да си поднесе оставка. Пред Владата се обрати и Ивановски, кој рече дека ќе побара заштита од амбасадорите на САД и ЕУ, бидејќи не се чувствува безбеден.

извор:Новатв.мк