Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНовинар во Турција ставен зад решетки поради твитови против Ердоган

Новинар во Турција ставен зад решетки поради твитови против Ердоган

Уапсен е главниот уредник на весникот на англиски јазик Today’s Zaman, Булент Кенес поради тоа што на социјалната мрежа Twitter поставил неколку твитови во кои го критикувал турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пренесува АР.

Турските полицајци го уапсиле Кенес во редакцијата во Истанбул, а додека го спроведувале надвор, новинарите и насобраните граѓани скандирале „слободните медиуми не смеат да се замолчуваат“. Апсењето било пренесувано и во живо на неколку телевизии, додава АР.

Налогот за апсење бил издаден од страна на надлежниот суд, кој оценил дека Кенес преку своите твитови го навредил турскиот претседател, а отежнувачка било тоа што на почетокот на годината турскиот новинар бил осуден на условна казна затвор, исто така поради навреда кон Ердоган.

Турското правосудство во последно време често го применува законот за навреда кон претседателот, кој не е нов закон, но претходно беше исклучително ретко применуван.