Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветНови жртви од манијата Pokemon Go

Нови жртви од манијата Pokemon Go

Лудилото со играта Pokemon Go не престанува и во последно време се повеќе пишуваме за жртвите однесени од корисниците зависници од играта како од дрога. Возач на камион во Јапонија удрил две жени на улица, затоа што ловел Покемони со својот смартфон.

Едната од двете жени трагично загинала, а возачот и признал на полицијата дека возел невнимателно затоа што ја играл играта. Возачот е уапсен и ќе биде поднесена тужба против него. Од компаниите Niantic и Nintendо изразиле сочуство за семејството на загинатата жена, предупредувајќи дека тие „создале услови во кои луѓето можат безбедно да ја играат играта“, односно кога корисниците брзо се движат, се појавува pop-up прозорец на кој корисниците мора да потврдат дека не возат за време на играњето.

Извор: telefoni.mk