Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаНови законски измени – Заборавете на возење со светла преку ден!

Нови законски измени – Заборавете на возење со светла преку ден!

Со новите членови во Законот за безбедност во сообраќајот се направени драстични измени. Обврската на возачите да управуваат со своите моторни возила со вклучени светла преку ден повеќе нема да важи. Задолжителна ќе биде нивната употреба само ноќе и во дневни услови само кога е намалена видливоста.

Задолжително затворање на вратите додека возилото е запрено, чистење на калта, поставувањето споменици, билборди и садници во близина на сообраќајни површини и забрането продавање производи покрај јавните патишта се исто така дел од измените во законот.

Целта на новите законски прописи е да се зајакне безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како и да се постават високи стандарди за лична одговорност кај секој од нив.