Thursday, Dec 14, 2017
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови високи казни за возење над дозволената брзина

Нови високи казни за возење над дозволената брзина

Собранието вчера го усвои законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Глоба од 400 евра во денарска противвредност ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 65 негативни бода на возачот кој во населено место се движи со брзина поголема од 50 километри на час над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и прекршочна санкција забрана на управување на моторно возило од шест до 12 месеци.

Со Законот е предвидена глоба од 300 евра во денарска противвредност, односно регистрирање 50 негативни бода за возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 30 до 50 km/h, над дозволената брзина. Покрај глобата, на возачот ќе му се изрече и забрана на управување на моторно возило од три до 12 месеци, под услови и начин утврдени со Закон.

Казна од 45 евра во денарска противвредност во мандатна постапка ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 25 негативни бода на возач кој во населено место се движи со брзина поголема од 10 до 30 km/h над дозволената брзина.

Казна од 10 евра во денарска противвредност, односно 10 негативни бода за возачот кој постапува спротивно на одредбите од Законот е предвидена за возач кој во населено место се движи со брзина поголема до 10 km/h над дозволената брзина.