Нови условни пресуди за уште двајца демонстранти
Судската постапка заврши за уште двајца демонстранти од протестите пред народната канцеларија на претседателот Иванов кои завршија со нејзино демолирање. Никола Аризанов и Филип Наковски го признаа делото учество во толпа, но тврдат дека не кршеле.
Тие се осудени на условна казна и ако не го повторат делото или сторат ново кривично дело во наредните години нема да одлежат затвор. Судењето против двајцата членови на Левица Здраво Савески и Владимир Куновски е одложено и тие остануваат во куќен притвор.