Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаНови три случаи на заболени со морбили

Нови три случаи на заболени со морбили

Институтот за јавно здравје информира дека во текот на денешниот ден лабораториски се потврдени уште 3 случаи на морбили. Се работи за деца на возраст од три и пет години и пациент на возраст од 27 години.

Децата претходно не биле вакцинирани против морбили и се вакцинирани пред неколку дена во рамки на акцијата за вакцинирање на контакти и невакцинирани лица, но сепак кај овие дечиња контактот со заболен бил неколку дена претходно, односно вирусот веќе бил во развојна фаза, додека за дадената вакцина против морбили потребни се повеќе денови за создавање имунитет.

Возрасниот пациент не е претходно вакциниран, додека за време на акцијата за вакцинирање не бил присутен во областа. Сите се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести.

Пациентите се во непосредна роднинска врска со претходно заболените, биле во контакт и живеат во Кванташка депонија – на теријата на општина Гази Баба, каде претходно беше прогласена и епидемија.