HomeДЕНЕШНАРегионНови самоубиствени напади во Анкара

Нови самоубиствени напади во Анкара

Турската престолнина беше потресена од два нови бомбашки самоубиствени напади кои се случија во јужното предградија на градот откако полицијата се обидела да ги приведе и им упатила предупредување. Тие решиле да ги детонираат експлозивните направи со цел да нанесат поголема штета околу нив.

ankara-bomba3

– На самото место пронајдени се 200 килограми материјал за правење експлозиво што требало да биде цел на нивниот напад. Напаѓачите се обиделе да не бидат сомнителни со тоа што на возилото поставиле турски знамиња, кои ги купиле во последните два дена, изјави гувернерот на Анкара Ерчан Топача.

Првичниот план на напаѓачите бил да активираат возило со експлозив пред административна или полициска зграда, но навреме биле откриени.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com